Акција на МВР во Тетово: Приведени лица за приредување игри на среќа без дозвола

Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа околу 22.30 часот ги лишиле од слобода Д.С.(32) од тетовско Јанчиште и З.С.(38) од тетовско Подбреѓе, осомничени дека сториле кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
Во акциска контрола реализирана вчера во два ВЛТ клубови во тетовско Раотинце и село Јанчиште, спроведена во содејство со Управата за јавни приходи, информираа денеска од МВР, е откриена нелегална веб платформа со листа од 370 корисници.
– Двете лица се сомничат дека на оваа платформа креирале кориснички имиња и им ставале кредит за обложување, а корисниците за добиените кредити им плаќале во готовина. При контролата, од двете лица биле одземени предмети поврзани со делото, појаснуваат од МВР.
Инаку, во акциската контрола во Раотинце и Јанчиште биле затекнати и три малолетни лица во просториите за игри на среќа, од кои едно како вработен.
Д.С. и З.С. се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ –…
Ограбена е фабрика за одгледување на канабис…
Посебен режим на сообраќај во недела во…
СВР Скопје ги известува граѓаните дека во…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Жена прегазена од комбе во Тетово, со…
Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…
ПРИВЕДЕНИ СЕ РАТКО ДИМИТРОВСКИ, НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ И…
Предмалку полицијата ги привела двајцата поранешни градоначалници…