Акција на МВР во Тетово: Пронајдени дрога, оружје и други опасни материи

t

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за НТ со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Тетово денеска (13 април) околу 15 часот и 15 минути го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Н.М., затоа што при претрес извршен во неговиот дом со судска наредба на улица “Железничка” во Тетово биле пронајдени околу 500 грама хероин,околу 100 грама кокаин, 19 ампули метадон, поголема сума девизи и други предмети.

Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.М. задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Остин: Дваесет земји ветија достава на оружје…

Дваесет земји ветија дека ќе и достават…

Пронајдена дрога при контрола на угостителски објекти…

Синоќа (21/22.05.2022) година од страна на полициски…

Акција на МВР: Пронајдено оружје при претрес…

Денеска (21.05.2022) во с.Ласкарци, скопско,  полициски службеници…

Трагедија во Тетово: Се удави 6 годишно…

Попладнево дошло до трагедија во Тетово, откако…

(Видео) Откриен огромен тунел за пренос на…

Откриен огромен тунел за дрога од Тихуана…