Акција на МВР во Тетово: Пронајдени дрога, оружје и други опасни материи

t

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за НТ со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Тетово денеска (13 април) околу 15 часот и 15 минути го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Н.М., затоа што при претрес извршен во неговиот дом со судска наредба на улица “Железничка” во Тетово биле пронајдени околу 500 грама хероин,околу 100 грама кокаин, 19 ампули метадон, поголема сума девизи и други предмети.

Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.М. задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет месеци нема одговорност за пожарот во…

Обвинителството тактизира за случајот со изгорената модуларна…

Американските сенатори со договор за усвојување построг…

Група американски сенатори од двете партии постигнаа договор за…

(Фото) Ги фатија живи: Уапсени дилери од…

Претрес во Куманово, приведени двајца дилери затекнати…

(Фото) Македонска фирма си нарачала кокаин од…

Албанската полиција синоќа во Драч запленила 45,5…