Акција на МВР: Приведени дилери на дрога во Битола

t

На 08/09.10.2022 во Битола, при извршена акциска контрола од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, Полициската станица за безбедност на сообраќајот и Полициската станица од општа надлежност од СВР Битола, биле лишени од слобода три лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Имено, на ул.„Никола Тесла“ бил лишен од слобода Н.Т.(21) од Битола, бидејќи  кај него била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од дрога. Во битолската населба Горно Оризари биле лишени од слобода М.И.(29) и А.М.(29), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чепна кај што не треба: МВР во…

Во текот на вчерашниот ден, Бугаринот Виктор…

Масовна тепачка во Битола, едно лице е…

На 04.02.2023 во 03:08 часот во СВР…

МВР најостро ги осудува лагите дека бугарска…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира…

МВР ја затвори за сообраќај „Самоилова“ кај…

МВР соопшти дека од денеска се воведува…

МВР: Сите мора да ги заменат старите…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…