Акција на МВР: Пронајдена дрога, приведени дилери при контрола на објект за игри на среќа

t

Денеска (19.11.2022) во 02:10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.У.(25) и М.Б.(25), двајцата од Скопје.

По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција извршиле контрола во објект за игри на ул.„Аугуст Цесарец“, сопственост на Д.У., каде М.Б. бил вработен. Притоа, биле пронајдени и одземени ранец со марихуана, повеќе ќесички со марихуана, таблета, две дробилки и дигитална вага.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акција на МВР во Скопје: Апсење за…

Вчера и завчера полицијата апсеше за дрога…

Претрес во Скопје: МВР пронајде оружје и…

Денеска (09.12.2022) во Скопје, полициски службеници од…

(Видео) Секретарот на Град Скопје го повика…

Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, денеска…

Експресна реакција на МВР: Приведени пет лица…

Полицијата попладнево приведе пет лица кои за…

Официјално, МВР соопшти: Мерцедесот со флешери не…

По извршени детални проверки од страна на…