Објавено на:

Акција на тетовската полциија: Приведени 5 лица, кај нив е најдена дрога

t

Тетовската полиција информира дека во три случаи ноќеска од 22 часот до 2 часот се приведени пет  лица кај кои е најдена дрога. На улица „Љуботенска“ во Тетово околу 22 часот лишен од слобода е 41-годишник од Тетово затоа што кај него бил пронајден кокаин. Половина час подоцна на улица „29 Ноември“ во Тетово, 26-годишната жена од градот  е приведена затоа што и бил пронајден кокаин.

-Ноќеска околу 2 часот и 10 минути, на локален пат во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.А.(24) и В.А.(20) од тетовско Пршовце и Д.С.(21) од кумановско Слупчане, кои десетина минути пред тоа на регионалниот пат Џепчиште-Пршовце не застанале со нивното возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое тројцата се превезувале и се обиделе да удрат еден од полициските службеници, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информацијата на СВР Тетово при преглед на возилото им биле пронајдени хашиш, марихуана и спреј-солзавец. Трите лица се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе се соочат со соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во Тетово: Пронајдена марихуана и приведено…

На 16.08.2022 во 11.20 часот полициски службеници…

Жена нападната на Бит Пазар

На 15.08.2022 во 16.40 часот В.С.(54) од…

Пронајден мртов маж во Аеродром

На 15.08.2022 околу 11.45 часот во Полициска…

Тетово “лета”: Изречени 149 санкции за брзо…

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14…

Апсење на патот Кичево – Македонски Брод:…

Денеска (14.08.2022) во 01.30 часот, од полициски…