АЛАРМАНТНО: СЕКОЈ ОСМИ ГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ Е ВО ЗАГУБА!

t

Финансиските податоци за 100-те најголеми рабтодавачи во компаниите од приватниот сектор (без банки и осигурителни друштва) покажуваат дека, грубо пресметано, секоја осма од нив била во загуба во 2021 година. Имено, загуба имаат 12 фирми кои се наоѓаат на листата на 100 најголеми работодавачи. Нивната вкупна загуба е 28 милиони евра, а во овие компании работат 5.800 работници! Ако се бара добрата во лошата вест – факт е дека загубари нема меѓу првите 19 најголеми работодавачи, а таму се компаниите каде бројот на работници надминува по 1.000 вработени, при што на самиот врв, кај прворангираниот работодавач – Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ – достигнува 5.626 вработени.

Порталот Пари заедно со платформата БизнисМрежа.мк анализира на кои големи работодавачи лани не им одело добро, и со каков минус ја стартувале 2022.

Кои се на самиот врв?

Од овие загубари, со најмногу вработени – 683 е ТАВ Македонија. Очекувано, авионскиот сообраќај имаше значителен пад во време на пандемиските 2020 и 2021 година, па и компанијата која управува со скопскиот и со охридскиот аеродром имаше загуби од 6,6 милиони евра во 2020 и 3,1 милиони евра во 2021 година.

Градежното претпријатие Бетон има најголема загуба меѓу овие 100 најголеми работодавачи – дури 12,7 милиони евра. Како што е познато, Бетон не успева да си ги изврши обврските од преземените договори, па меѓу најновите информации е тоа што Народната банка го откажа договорот за изградбата на нејзината нова зграда и ја активира банкарската гаранција затоа што „Бетон” одамна требаше да го исполни договореното. Поради лошата финансиска состојба, Бетон на крајот од 2021 година објави јавен повик за продажба на хотелот што го има во Охрид во населбата Свети Стефан. Во „Бетон” лани работеле 628 вработени.

Две големи коцкарници во минус

Меѓу најголемите работодавачи се и Друштвото за обложување и коцкање „Ма гејминг” и казината „Сенатор“, но тие лани биле во загуба. Загубата на „Ма гејминг” била 720.000 евра, а таму лани работеле 618 вработени, а „Сенатор” имал загуба од 2,1 милиони евра и вработувал 579 работници.

Загуби во автомобилскиот сектор

И три компании од автомобилската индустрија со вкупно 1.298 вработени биле во загуба. Станува збор за АПТИВ, АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА и ДУРА АУТОМОТИВЕ СТРЕКЧЕРС кои заедно имаат загуба од над 6,6 милиони евра.

АПТИВ важи за еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот. Оваа интернационална компанија, во 2016 година ја отвори својата прва фабрика во Технолошко индустриско развојна зона Бунарџик. Минатата година поради голмите тешкотии со кои се соочи целиот автомобилски сектор поради пандемијата, компанијата во Македонија заврши со минус од 1,1 милион евра и во неа работеа 509 работници.

АРЦ е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. И оваа компанија е лоцирана во Скопје, во населбата Илинден. Лани била во загуба од 520.000 евра и имала 401 вработен.

Американската компанија „Дура Аутомотив системс” во Бунарџик 2 е присутна и преку „Дура аутомотиве стрекчерс” која лани имала загуба од дури 5 милиони евра, а вработува 388 работници.

И текстилни компании на удар

Во пандемиската 2021 година кога се уште многу се работеше од дома, а имаше и низа рестрикции, и две големи текстилни компании во кои заедно имало 809 вработени, евидентираа загуба.

Минусот во светиниколската „Мода” е 517.000 евра и во неа лани имало 424 вработени. Минусот на „Окитекс” е 682.000 евра и таму работеле 385 работници.

Негативно салдо и од бакарот и од лебот

Меѓу најголемите работдавачи е и рудникот за бакар „Бучим„ од Радовиш. Покрај бакарот од рудата, како што е познато се добива и злато. Во рудникот лани имало 380 вработени и тој ја завршил годината со минус од 335.000 евра.

„Жито Лукс” има 340 вработени. Во време на наглиот раст на цените на пченицата поради војната во Украина и по наглиот скок на цените на енергентите кон крајот на минатата година, сите компании од секторот „производство на леб и печива” во услови на ограничени цени и маржи од страна на Владата, се жалеа и стравуваа за својот опстанок. „Жито Лукс” лани заврши со загуба од 287.000 евра.

Вкупната бројка на вработени кај 100-те најголеми работодавачи е 78.329, додека вкупната добивка што ја направиле 88 компании кои лани биле во плус е 450 милиони евра.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/alarmantno-sekoj-osmi-golem-rabotodavach-e-vo-zaguba/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Технички проблем со авионот на Трамп: Пренасочен…

Авионот на поранешниот претседател на Соединетите Американски…

Малолетници тепале дете на Бит Пазар

– Денеска (09.08.2024) во 01:30 часот во…

Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…

Пожарот на Галичица се шири накај Стење,…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера од…

Стано за литиумот: ЕУ не би поддржала…

Европската унија нема да поддржи нешто во…