Албанија ги укинува Ковид мерките

Од денеска, Албанија ги укина ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според одлуката на Национален комитет за справување со пандемијата, донесена на 26 април, од денеска за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција.
Исто така во земјата повторно се отворени ноќните клубови а укината е и забраната за емитување музика по 23 часот во угостителските објекти.
Обврската за носење маска беше укината, но остана препораката за носење маска во затворени простории.
Инаку, со одлука на комитетот на втори март, по речиси две години, беше укинат полицискиот час, кој траеше од 23 до 6 часот а недела потоа и мерката за ограничено присуство на собири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Албанија старее: Повеќе од половина од…
Албанија старее откриваат последните податоци. Денес повеќе…
Вархеји: Членството на Албанија во ЕУ е…
Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер…
Руска блогерка обвинета за шпионажа бара азил…
Руската блогерка Светлана Тимофеева (34), која беше…
Албанија ќе ѝ врати на Македонија незаконски…
Незаконски изнесени икони од Македонија кои завршиле…
Американсата ДЕА отвори канцеларија во Тирана: Ќе…
Американската амбасада во Тирана соопшти дека во…