Албанија и Косово формираат територијално-административен ентитет

t

Откако парламентите на Албанија и на Косово ќе го ратификуваат „Договорот за правилата на режимот на локалниот граничен сообраќај“, ќе се формира територијално-административна единица, 30 километри во Албанија и 30 километри во Косово, пишува „Коха“.

Станбените центри на граничната област се дефинирани со Протоколот за спроведување на тој договор, кој го потпишаа владите Косово и Албанија на 26 ноември минатата година. Со цел да се олесни локалниот сообраќај, ќе бидат отворени осум нови премини, пишува приштинскиот весник.

Во извештајот на албанската влада до тамошниот парламент се наведува дека договорот е започнат за да се олесни локалниот граничен сообраќај во рамките на заедничките обврски на двете влади, со цел да се поедностават процедурите и мерките поврзани со режимот на локалниот граничен сообраќај и дозволите за оваа намена долж граница.

Овој договор има за цел да го олесни движењето на жителите од пограничната област, кои имаат право да престојуваат во граничниот појас на другата страна, под услов времетраењето на нивниот престој да не биде подолго од 90 дена во рок од 180 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен осомничен саботер за теpopистичкиот напад на…

Саботерот имал двојно руско-италијанско државјанство, бил регрутиран…

Зеќири осуден на две и пол години…

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири…

„Уништете ја Југославија што побрзо“ : Што…

Владата на Србија во средата објави дека…

Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…

Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…

Google ги брише старите сметки од денеска

Почнувајќи од денес, Google ќе ги избрише…