Објавено на:

Албанија потроши 7,6 милиони евра за да набави струја за еден викенд

t

Албанската корпорација КЕШ за набавка на електрична енергија само за претстојниот викенд потрошила 7,6 милиони евра.

– КЕШ ја затвори постапката за купување енергија за 20 и 21 август обезбедувајќи 15.624 мегават часови по просечна цена од 487,75 евра. Пред неколку дена компанијата ја откажа постапката за набавка на енергија, задоволувајќи ги потребите на земјава со енергија од домашно производство.

Но, падот на нивото на вода во акумулацијата „Фиерза“, која е една од трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим, како и долготрајната суша го принудија КЕШ да отвори тендер за обезбедување на енергија и за периодот од 22 до 28 август.

За оваа седмица се потребни вкупно 47.600 мегават часови енергија.

Албанското Министерството за енергетика пред неколку дена започна кампања на социјалните мрежи за подигање на свеста за заштеда на енергија, повикувајќи ги граѓаните да трошат што помалку струја.

Од друга страна Албанија, пред шест дена, му излезе во пресрет на Косово и му даде струја со што беа избегнати рестрикциите, што ги најави косовската Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врие и во Албанија: Опозицијата обвини дека…

Партијата на поранешниот албански претседател Илир Мета,…

Рама им се пожали на ОН за…

Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието…

Рама во ОН побара признавање на независноста…

Рама во ОН повика на признавање на…

Рама ја демантира Владата: Македонија и Црна…

Албанскиот премиер Еди Рама кој престојува во…

Албанското обвинителство забрани објавување на информации во…

Обвинителството на Тирана почна истрага околу кибер…