Објавено на:

Албанија ќе лобира за прием на Косово во Советот на Европа

t

Претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола на средбата со делегацијата на косовското Собрание во Тирана вети дека ќе лобира во сите парламенти на земјите членки на Советот на Европа за поддршка на пристапот на Косово во таа организација, пренесува Газете експрес.

Делегацијата на Собранието на Косово, составена од потпретседателката Саранда Богујевци и пратениците Аријана Муслиу Шоши и Арбен Гаши, се сретнаа со претставници на албанскиот парламент во Парламентарното собрание на Советот на Европа.


„На овие топли и пријателски средби се разговараше и за натамошно зајакнување на соработката меѓу двата парламента, во рамките на секојдневните парламентарни активности”, се вели во соопштението од Собранието.

На средбата се разговарало и за интензивирање на ангажманот и на парламентите и на делегациите во Парламентарното собрание на Советот на Европа, само неколку дена по поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти демантира: Не сум ветил визна либерализација,…

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека за…

НОВА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ?! Вучиќ: Приштина планира…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во…

Бомба од Србија: Уште една земја го…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека…

Вучиќ експлодираше: Србија со години трпи лаги…

Вучиќ: Србија со години трпи лаги од…

Албанија набавува тестови за мајмунски сипаници

Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето…