Албанија ќе ѝ врати на Македонија незаконски изнесени икони од наша територија

Незаконски изнесени икони од Македонија кои завршиле во Албанија ќе бидат вратени согласно Закон за ратификација на договор меѓу двете земји. На денешната седница Владата го усвои овој предлог закон, кој треба уште да ги помине собраниските процедури.
Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое што претходно се договорија Македонија и Албанија, ќе биде вратено во земјава.
„Ова ќе ги продлабочи и унапреди културните односи меѓу Република Македонија и Република Албанија и ќе ја манифестира сериозната посветеност на двете држави во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област“, велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Албанија старее: Повеќе од половина од…
Албанија старее откриваат последните податоци. Денес повеќе…
Вархеји: Членството на Албанија во ЕУ е…
Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер…
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
Руска блогерка обвинета за шпионажа бара азил…
Руската блогерка Светлана Тимофеева (34), која беше…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…