Албанскиот парламент усвои Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница
Албанскиот парламент на денешната седница усвои Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница и почит кон жртвите.
На седницата, која почна со едноминутно молчење, во знак на почит кон жртвите, присуствуваа и претставници на амбасадата на Босна и Херцеговина во Тирана.
Во докуменот се потврдува ставот на парламентот на Албанија дека „негирањето на геноцидот, извршен врз босанското население во Сребреница од страна на силите на босанските Срби, претставува кршење на меѓународното право и го поттикнува феноменот на неказнивост на воените злосторства“.
Претседателот на БиХ, Шефик Џаферовиќ им се обрати на албанските пратенци преку видеопорака и, меѓу другото, рече дека „трагедијата на Сребреница стана планетарен симбол на страдањето и криминалот во модерната ера“.
„Изгласувањето на Резолуцијата е многу важен и суштински чин за целиот Западен Балкан. Република Албанија и Босна и Херцеговина се блиски земји и исклучително пријателски една кон друга. Нашите земји придонесуваат за создавање мирна и демократска средина. Нашите народи, се тесно поврзани со историските, културните и општо човечките настани. Актот во Парламентот на Албанија го гледам како акција кон европска и демократска иднина“, го заврши својот говор.
По оваа Резолуција, која ја предложија владејачките социјалисти, нивниот коорднатор најави донесување ваков документ за осуда на геноцидот во Косово.
Пред два месеца, демократските пратеници на Сали Бериша се обидоа да вметнат своја резолуција на дневен ред, но таа беше отфрлена на седница на координаторите на пратеничките групи.
Бериша потоа го обвини премиерот Еди Рама дека „ја игра играта на српскиот претседател Александар Вучиќ“ со тоа што не ја ставил неговата резолуција на дневен ред. Денеска пак, тој меѓу другото рече дека Вучиќ треба да заврши во Хаг.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…
Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…
Остра реакција на МАЕИ и партиите на…
Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…