Албански истражувач со скандалозна хипотеза: Исус Христос бил од Албанија и носел кече на главата

Познатиот албански истражувач Сазан Гури многу изненади со својата најнова хипотеза, со која тврди дека Исус Христос по потекло бил од Албанија.
Со фотографија објавена на Фејсбук, Гури тврди дека Христос пред да се вознесе на небото носел кече на главата, што е исклучиво симбол на Албанија и Албанците.
-Христос со кече, случајност или…? многу народи имаат заеднички симболи, знамиња, џубле… но кече се знае дека го носи еден народ и само еден голем народ, било да се тоа Дарданите, било да се Илирите, било да се оние од Епир, Арбареши или Албанци. Зарем оваа фотографија не ви го покажува токму ова, наведува тој во објава на Фејсбук.
Сазан Гури (66) е албански истражувач, аналитичар, екологист, нафтен геолог и инженер. Неговите научни степени се вонреден професор по геонауки и доктор на науки по геологија. Тој деновиве најави дека ќе се кандидира за нов претседател на Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски пријавил дека неговото семејство лани имало…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пријавил дека минатата…
Девојка нападната во Скопје, полицијара го расчистува…
На 29.03.2025 во 21:30 часот во СВР…
Иселувањето најмногу ги погоди земјоделството, градежништвото и…
Земјоделството, градежништвото, угостителството, туризмот – овие гранки…
Драма во Прилеп: Полицијата спречи маж да…
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(49)…
(Видео) Ова е новиот американски амбасадор во…
Марк Брновиќ е назначен за нов американски…