Алијанса за Албанците: Македонија е безбедна држава далеку од каква било опасност

На 27 март 2020 година, Република Македонија стана најновата членка на НАТО. Од овој момент, РСМ, како дел од најмоќната Северноатлантската алијанса, е безбедна држава и далеку од каква било опасност за суверенитетот и интегритетот на земјата.
РСМ како членка на НАТО дава свој придонес за секоја земја во која мора да се обезбеди светскиот мир, велат од Алијанса за Албанците.
Според оваа партија, руската агресија врз Украина, загрозувајќи ја глобалната безбедност, уште еднаш докажа дека како дел од НАТО, граѓаните и земјата се заштитени од сојузот на најмоќните држави во светот.
„Алијанса за Албанците имаше среќа да придонесе во процесот на членството на Македонија во НАТО. Алијанса за Албанците со иста динамика и сериозност ќе даде политички и програмски придонес за забрзување на процесот за членство во ЕУ заедно со предизвиците на уставните измени кои се предуслов и примарна цел на членството на земјата во ЕУ“, потенцираат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пашинјан: Нема да поднесам оставка
Во никој случај нема да поднесам оставка,…
Западни медиуми: Украина наиде на одбрана каква…
Во текот на контраофанзивата Украина се соочи…
ПОЧНУВА СЕЗОНАТА НА ЗАТНАТИ НОСОВИ; Галеника со…
Непријатното чувство од затнат нос влијае на…
Пендаровски: Најитната задача на Советот за безбедност…
Најитната задача на Советот за безбедност е…
(Видео) Голема полициска акција на Скопска Црна…
Во голема полициска акција на Скопска Црна…