Ама нeма инфлaциja: НБРМ нарача 30 милиони парчиња нови банкноти

t

НБРМ нарача 30 милиони парчиња нови банкноти, се работи за 20 милиони банкноти од по 1000-ка и 10 милиони банкноти од по 2000 денари, кои се со вкупна вредност од 40 милијарди денари или 650 милиони евра, пренесува Офнет.

Тендерот го добива британската компанија „Де Ла Руе интернешнл лимитед”, за што тие ќе наплатат околу 1,5 милиони евра. Цената е со испорака до трезорите на НБРМ.

Од НБРМ изјавуваат дека количината на пари што ја печатат не е заради очекувана инфлација или пуштање дополнителни суми во оптек, туку прво да се заменат постојните оштетени банкноти од 1000 и 2000 денари, и второ за да имаат резерва од банкнотите за понатаму кога ќе треба да менуваат.

Извор: Офнет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НБРМ повторно ја зголеми каматната стапка на…

На 15 ноември 2022 година се одржа…

НБРМ го додава српскиот динар на курсната…

Советот на Народната банка на седницата одржана…

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат еврото,…

Според средниот курс на Народната банка на…

Курсна листа на НБРМ: Еврото стабилно, пад…

Според средниот курс на Народната банка на…

Курсна листа на НБРМ: Падна вредноста на…

Според средниот курс на Народната банка на…