Американската амбасадорка Брнз во посета на Бигорски манастир

t

Во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознато како Бигорски манастир денеска беше американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

На средбата со Игуменот, Епископот Партениј, таа ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА.


Амбасадорката на САД се запознала со манастирскиот живот во Бигорски, посетувајќи ја и библиотеката.

-На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и Амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен од Неговата Сесветост, Патријархот г. г. Вартоломеј, според кој нашата Црква е примена во евхаристиско и канонско единство со сиот православен свет. По разговорот со Старецот, г-ѓа Кејт Мери Брнз и нејзината придружба имаа можност да ги разгледаат содржините на манастирот, имајќи го за свој водич нашиот собрат, Архимандритот Доситеј, стои во објавата на Бигорски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат е новиот ковид биланс, бројот на…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Средба на Пендаровски со претседателот на Европскиот…

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со…

Левица: Во 19:00 часот се гледаме пред…

,,СОГРАЃАНИ, ПАТРИОТИ, МАКЕДОНЦИ - ПРОТЕСТИТЕ ЗА ОДБРАНА…

Арсовска ги испрати средношколците кои ќе учествуваат…

За прв пат македонски тим на средношколци…

Се плашат од народот? Францускиот предлог денеска…

Францускиот предлог нема да се најде на…