Објавено на:

Американската воена морнарица заплени оружје од Иран испратено кон Јемен

t

Американската воена морнарица соопшти дека запленила големо количество пушки калашников и муниција прошверцувани во рибарски брод од Иран, кои најверојатно биле испратени кон Јемен.

Како што беше соопштено синоќа, патролни чамци на американската морнарица откриле оружје на рибарски брод без државни ознаки, во операцијата што започна во понеделникот во северниот дел на Арапското Море кај Оман и Пакистан.

Морнарите се качиле на бродот каде имало пет членови на екипажот од Јемен, при што пронашле 1.400 пушки калашников и поголема количина муниција.

Во Јемен се води војна меѓу бунтовниците Хути поддржани од Иран и провладините сили предводени од Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија за половина година извезла оружје од…

Бугарија за пет месеци извезла оружје во…

МВР со полни раце работа: Контрола во…

Денеска во периодот од 00.00 до 04.00…

(Видео) Огромен пожар избувна по експлозија во…

По експлозија во фабрика за производство на…

(Видео) Страшни снимки од Иран: Напад со…

Израел вчера доцна вечерта го нападна Иран…

(Видео) Вооружен напад врз амбасадата на Азербејџан…

Вооружен напад е извршен врз амбасадата на…