Американската комора го повика Косово да се приклучи на Отворен Балкан

Американската комора во Приштина го повтори својот повик до владата на Косово да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан и истовремено го поздрави договорот за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина постигнат на 18 март во Охрид.
Во соопштението на Комората, таа смета дека договорот ќе отвори можности за економски развој на двете страни, подобрување на размената на стоки и услуги, пренесува Коха.
– Американската комора го повторува својот повик до Владата на Косово да се приклучи на иницијативата на Албанија, Северна Македонија и Србија за заеднички регионален пазар, се вели во соопштението.
Како што е наведено, Вашингтонскиот договор потпишан на 4 септември 2020 година предвидува дека двете страни ќе се приклучат на „Мини Шенген“, што Србија, Албанија и Северна Македонија го најавија во октомври 2019 година и целосно ќе ги искористат предностите од тоа.
Американската комора, исто така, ги повика Белград и Приштина да ги почитуваат претходно преземените обврски за инвестиции во патната и железничката инфраструктура, укажувајќи дека развојот на транспортната инфраструктура ќе овозможи слобода на движење на луѓе и стоки, како и слобода за давање услуги, со што ќе се подобри мобилноста на компаниите и вработените во Отворен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската комора го повика Косово да се…
Американската комора во Приштина го повтори својот…
СЕ НАПИЛ КАФЕ И КИСЕЛА ВОДА, ЗАВРШИЛ…
Битолчанец на 42-годишна возраст завршил на токсикологија,…
Се прават анализи кои цени можат да…
Ние ќе го направиме сето она со…
Трајанов: Зошто СДСМ не ги осуди екстремистичките…
Во изминатиот месец водствата на повеќето партии…
(Фото+Видео) Падна Арачиново: Спречен транспорт на дрога…
На 24.03.2023 од страна на полициски службеници…