Американски воен брод пловел низ Тајванскиот проток

Американски воен брод пловел низ Тајванскиот мореуз, соопшти седмата флота на американската морнарица.
Според соопштението, ракетниот крстосувач „US Port Royal” извршил „рутински” транзит преку Тајванскиот мореуз низ меѓународните води „во согласност со меѓународното право”.
„Бродот помина низ коридор во протокот што е надвор од територијалното море на која било крајбрежна држава”, се вели во соопштението.
Исто така, како што се наведува, крстосувачот што минал низ Тајванскиот мореуз ја покажува посветеноста на САД на слободен и отворен Индо-Пацифик.
„Војската на САД лета, плови и оперира секаде каде што дозволува меѓународното право”, се додава во соопштението.
Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека американскиот брод пловел на север низ протокот и дека ситуацијата на пловниот пат е „нормална”.
По тој повод реагираше кинеската војска која соопшти дека го надгледувала и предупредила американскиот воен брод.
Источната команда на Народноослободителната војска во соопштение наведува дека нејзините сили цело време го набљудувале бродот и го „предупредувале”.
„САД често прават такви драми и предизвикуваат проблеми испраќајќи погрешни сигнали до тајванските сили за независност и намерно ги зголемуваат тензиите преку Тајванското мореуз”, се наведува во соопштението.
Се додава дека војниците во секое време одржуваат висока готовност, одлучно се спротивставуваат на сите закани и провокации и решително го бранат националниот суверенитет и територијалниот интегритет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со дефиниција за жена: „Тоа е…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги насмеа новинарите…
(Фото) Сведоштва по земјотресот во Мјанмар: Со…
Спасувачите во Мјанмар прават натчовечки напори да…
Турчин донел мигранти од Египет во Македонија,…
СВР Велес поднесе кривична пријава против T.Ј.(44)…
Скандалот со Сигнал: Зошто државите не ги…
Магазинот Атлантик случајно откри протекување таен разговор…
Шокантно откритие во Египет: Пирамидите во Гиза…
Иако најголемиот дел од ледените бреговите на…