Објавено на:

Американски генерал: Украинската армија се соочува со голем предизвик во јужниот дел на земјата

t

Украинската армија ќе се соочи со голем предизвик во источниот дел на Украина, бидејќи руската војска се подготвува за голема офанзива, изјави американскиот пензиониран генерал и поранешен директор на ЦИА, Дејвид Петреус.

Тој истакна дека „првпат од почетокот на инвазијата Русија се фокусира на едно подрачје, наместо на целата земја”.

Според генерал Петреус ситуацијата во Украина ќе зависи од два клучни фактори, временските услови и воената помош за Киев.

Ако временските услови се поволни за Русите, ако калта се исуши, тоа ќе им овозможи на гасеничарите да поминуваат преку полињата и ќе можат да се наредат еден зад друг. Друг клучен фактор е брзината на испорака на дополнителна западна воена помош за Украина, наведе Петреус.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин во моментов „не е заинтересиран” за мировните преговори тука сака „опиплив успех, што ќе може да го прослави на 9 мај, годишнината од победата во Втората светска војна, кога во Москва се одржува воена парада”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Пехчево се собираат пари за ново…

Во Пехчево започна акција за прибирање средства…

Радев не стави вето на законот со…

Претседателот на Бугарија, Румен Радев го потпиша…

Затвореник баран со потерница украл возило па…

На 14.08.2024 околу 09.00 часот на локалниот…

Ахмети на средба со Гир: ДУИ е…

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али…

Маж силувал малолетничка од Струмица

На 14.08.2024 во 17.30 часот во Штип,…