Американски дронови ќе летаат над Косово

t

Директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа им се заблагодари на САД за донацијата и поддршката, која, како што рече, е особено значајна во деновите кога полицијата загуби еден од своите наредници, односно по убиството на полицаецот Африм Буњаку во селото Бањска во северно Косово, на 24 септември.

Тој ја оцени донацијата од САД како исклучително неопходна и вредна.

– (Донацијата) ќе влијае на градењето на капацитетите на полицијата, како што се граничниот надзор и истрагите. Станува збор за беспилотни летала и опрема кои се избрани од експертите на косовската полиција. Можам да му гарантирам на амбасадорот (на САД, Џефри Ховениер) дека полицијата ќе ги користи сите овие уреди во легални цели со цел да обезбеди поквалитетни услуги за сите граѓани, рече Хоџа.

Американскиот амбасадор, Ховениер ги опиша пристигнатите дронови како „витален ресурс за органите за спроведување на законот во Косово“.

– Дроновите ќе помогнат во борбата против негативните појави. Тие ќе бидат витален ресурс во справувањето со организираниот криминал и борбата против шверцот. Добивањето добри информации, исто така, ќе помогне да се преземат навремени дејствија, рече Ховениер.

Тој нагласи дека последната донација претставува продолжување на поддршката на САД за Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на Мосад предложи директен напад врз…

Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат. Директорот…

Кривична пријава за царински службеник и лице…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(33)…

Последни пратенички прашања за годинава

Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница,…

Кочоска: Се прекинуваат неколку наследени проекти

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва…

Во затвор во Мозамбик 33 мртви и…

Во бунт во затвор во главниот град…