Американски полковник во КФОР: Имавме овластување да примениме смртоносна сила во Звечан

Полковникот Крис Мејбис, водач на командниот тим на 76-та пешадиска бригада на Националната гарда на Индијана и шеф на Регионалната команда исток во Косово, обвини мала група агитатори за насилството во Звечан на 29 мај, кое резултираше со повреди кај околу 30 војници на КФОР, пренесува „Старс енд страјпс“.
Мејбис и мала група американски сили биле во Звечан на 29 мај кога се случи најсериозниот испад, рече тој. Во немирите немаше повредени Американци, но тројца војници на КФОР беа застрелани, а други беа повредени од фрагменти од гранати, палки и од цевки.
КФОР, своевремено составен од повеќе сектори во кои беа вклучени илјадници војници од НАТО и други земји во Европа, е сместен надвор од Приштина, а неговите сили се одговорни за источните и западните сегменти.
САД, кои претходно ги предводеа силите во југоисточниот дел на земјата, во суштина ја презедоа командата и од поранешните британски и француски сектори во центарот и на северот од Косово.
Мејбис вели дека ситуацијата можела да биде многу полоша бидејќи КФОР имал овластување да употреби смртоносна сила ако е потребно.
„Одлучив да не го користам тоа овластување поради фактот дека ќе има невини цивилни жртви. Не се сомневам во тоа“, изјави Мејбис .
Американскиот полковник посочи дека војниците на КФОР биле поставени ја чуваат зградата на општината и луѓето внатре откако станало јасно дека некои Срби сакаат насилно да го сменат неодамна избраниот албански градоначалник.
„Мнозинството протестираше мирно, но, имаше група агитатори кои многу очигледно ги нападнаа војниците на КФОР,“ вели Мејбис и наведува дека војниците подоцна пронашле чаури.
Тој истакна дека имало и повредени демонстранти, но дека има само пофални зборови за реакцијата на војниците без разлика на нивната националност.
Тој оцени дека ситуацијата во понеделникот била мирна, но кревка.
„Има огромен притисок од меѓународната заедница врз институциите на Косово да ја смират ситуацијата и притисок врз српската страна да го стори истото“, рече Мејбис и додаде дека неговата оценка е оти ќе има мирно решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…