Објавено на:

Американците отвораат база за специјални операции во Албанија

t

Американската команда за специјални операции за Европа (SOCEUR) ќе отвори база во Албанија на ротирачка основа, објави денеска албанскиот премиер, Еди Рама.

SOCEUR, со седиште во Штутгарт, Германија, на својата веб-страница објави дека базата во Албанија ќе обезбеди поголема соработка со албанските сојузници, важен пристап до транспортните центри на Балканот и поголема логистичка флексибилност.


„Ова е фантастична вест… тоа е одраз на многу висок кредибилитет и многу блиска соработка“, истакна Рама во видеопорака, читајќи ја изјавата на SOCEUR.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година.

Специјалните сили, високо обучени и опремени со напредна комуникациска опрема и оружје, често се користат во антитерористички или извидувачки операции и можат да се инфилтрираат во непријателските линии.

Сè уште не е целосно прецизирано каква ќе биде улогата на овие американски сили во Албанија.

САД веќе имаат 600 војници стационирани на Косово, со цел да се одржи кревкиот мир повеќе од две децении по војната.

ПРЕТХОДНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД отстранија пет екстремистички групи од листата…

САД денеска отстранија пет екстремистички групи од…

САД ќе остават 100.000 војници во Европа

САД навестуваат дека уште некое време во…

Повторно иста приказна: САД обезбедуваат 119 милиони…

САД обезбедуваат 119 милиони долари на вакцини…

САД ќе обезбеди 40 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ помош…

Американскиот Сенат денеска гласа за одобрување на…

САД го уништија своето последно хемиско оружје

Соединетите Американски Држави ја уништија и последната ракета…