Ангеловска-Бежоска ‒ Боуман: Политиките на Народната банка се столб на макроекономската стабилност

t

Народната банка спроведува политики коишто придонесуваат за одржување на макроекономската стабилност на земјава. Водењето политика на стабилност е од особено значење во време кога речиси сите економии во светот се соочуваат со енергетска криза и ценовни притисоци, коишто сѐ уште траат заради војната во Украина, било истакнато на средбата што гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска ја имаше со потпретседателот на Европската банка за обнова и развој Марк Боуман.

На средбата, покрај Боуман, кој учествуваше на Осмата истражувачка конференција на Народната банка, присуствувале и генералниот директор на финансиските институции на ЕБОР, Франсис Малиж и директорот на ЕБОР надлежен за С. Македонија, Анди Аранитаси.

На средбата било посочено дека светот се соочува со нови предизвици коишто се резултат на нарушувањето на синџирите на снабдување и ескалирањето на геополитичките тензии и дека согласно со ова, намалени се очекувањата за раст на глобалната економија, но дека сѐ уште се очекува позитивен економски резултат. Проекциите за инфлацијата во глобални рамки се зголемени и се на највисоко ниво во последната декада, а меѓународните финансиски институции проектираат постепено намалување на инфлацијата на почетокот на следната година.

Гувернерката на Народната банка посочила дека домашната економија како мала и исклучително отворена економија, е подложна на овие глобални движења и напоменала дека со следниот циклус проекции што ги прави Народната банка во мај, ќе има корекции за очекувањата на растот и инфлацијата. Монетарната политика, напоменала Ангеловска-Бежоска, и натаму ќе биде насочена кон одржување на ценовната стабилност.

– На средбата беше истакнато дека заложбите на носителите на политиките треба да бидат насочени едновремено кон решавање на тековните предизвици, но и кон зелената транзиција, како дел од структурните реформи. ЕБОР има обемно портфолио проекти во земјава, меѓу кои значителен дел се од секторот енергетика. Беше посочено дека овие проекти се од особено значење за растот и одржливоста на домашните извори на енергија. информираа денеска од Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно кажува МНР на Милков, а друго…

Министерството за надворешни работи, во врска со…

Малолетничка се фрлила од прозор од Клиниката…

A.Ш. родена 2006 година денеска се фрлила…

Поради Отворен Балкан: 30.000 Македонци и Албанци…

Наскоро, граѓаните на Србија, Северна Македонија и…

Од утре пороен дожд: Конечно ќе здивнеме…

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…

Македонците во светот бараат извинување од Ескобар:…

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечка организација на…