Ангелов повикан во Софија поради „сериозната состојба“ во однос на правата на Бугарите
Бугарија го повика на консултации во Софија амбасадорот во Македонија Ангел Ангелов. Причината како што соопшти бугарското МНР е да се разговара за можностите за запирање на според нив, опасниот тренд на притисок врз бугарите во земјава и понатамошниот развој на односите меѓу двете држави. Покрај тоа, официјална Софија според најавите на заменик-министерката за надворешни работи Петрова, ќе ги извести и земјите-членки на ЕУ за случајот со секретарот на бугарскиот клуб во Охрид. Таа за бугарските медиуми нагласи дека прекинот на говорот на омраза и акти на насилство, покрај промената на уставот се дел од условите Македонија да продолжи по евроинтегративниот пат.
-Владата и министерството за надворешни работи на секаков начин ги осуди тие провокативни обиди кои беа распространети на социјалните мрежи од разни бугарски претставници. Но, разликата е голема, тоа е еден вид говор на социјалните мрежи, а разликата е со појави кои се криминални во општеството и кои не можат да бидат оправдани. Така што, да важно е да се избегне провокативниот тон и во двете насоки, но на никаков начин тоа не треба да оправдане кое же биде искористено за да има такви појави (на насилство).- Велислава Петрова
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи пак, во интервју за БТВ повтори дека провокациите од двете страни треба да престанат, а бугарските клубови во земјава мора да ги променат имињата, пред се, бидејќи така пропишува закнонот, но и дека тие се провокација за Македонците. Прашан пак за чествувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев за кога се најавува присуство на претставници од Бугарија, Османи истакна дека секој е добредојден, но притоа мора да го почитува македонскиот народ.
-Доколку било кој дојде во Македонија и ги навреди граѓаните на Македонија, го негира постоењето на цел еден народ, верувајте ќе мора да преземеме мерки и да кажеме дека тоа ќе биде негово последно доаѓање.
Поставување на цвеќе на гробот на Гоце Делчев влегува ли во тоа?
Секој граѓанин на Бугарија е добредојден во Македонија да ги посети сите историски и културни споменци, но ве молам да внимаваме на достоинството на граѓаните, на народите кои живеат во Македонија и да се почитуваме еден со друг. – Бујар Османи – Министер
Османи во интервјуто откри и дека идната недела планира да ги покани бугарските здруженија на собир каде како што кажа, ќе направат план како бугарската заедница да ја декларира својата припадност и да се интегрира во општеството. Во однос на спречување на говор на Омраза, Османи најави мерки во таа насока, односно, формирање на посебен обвинител за говор на омраза, посебна канцеларија кај Народниот правобранител, и претставник на бугарската заедница во министерството за односи со заедниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…