Андреа се огласи на Фејсбук: Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам

Нашата евровизиска претставничка Андреа се огласи на својот фејсбук профил, откако јавноста „се крена“ против неа за фрлањето на знамето.
-Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја, напиша таа на својто официјален фејбук профил.
-Се извинувам уште еднаш од сѐ срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови, порача таа во својата објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возел со тројно поголема брзина во населено…
На 24.03.2025 во 11.30 часот, на регионален…
Култура ги прегази вработените во Филхармонија: Мустафа…
Тенорот Мустафа Имери ќе ја предводи една…
Притвор за лицата кои држеа мигранти во…
Вечерва судијата на претходна постапка при Основен…
Натпреварот Македонија – Велс почна со минута…
Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ –…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…