Андриушченко: Челичарницата Азовстал во Мариупол е нападната со фосфорни бомби по победата на украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“ на Евровизија

t

Членот на Градското собрание во Мариупол, Петро Андриушченко на Телеграм објави видео од руски напад врз челичарницата Азовстал на кое наводно се гледа дека се употребени фосфорни бомби. Видео снимката не е потврдена од независни извори.

Според Андриушченко, челичарницата Азовстал во Мариупол била нападната со фосфорни бомби по победата на украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“ на Евровизија.

Андриушченко напиша „Пеколот дојде на Земјата. Во Азовстал“.

Фосфорните бомби се палат при контакт со кислород и предизвикуваат огромна штета. Нивната употреба во населени места е забранета со меѓународното право.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес во домот на украинскиот МВР кој…

Поранешниот министер за внатрешни работи на Украина,…

Руската армија ќе обезбедува африкански регион богат…

Три земји се согласија, со помош на…

Киев да не се надева многу: Нема…

Брисел нема да вети дека ќе го…

Лукашенко: Ако на браќата Руси им треба…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата…

Абрамович ќе ѝ донира на Украина 2,3…

2,3 милијарди фунти од продажбата на „Челси“…