Објавено на:

Анима Мунди со поддршка бара одговорност за работењето на Шилегов и директорката за ЈП Лајка

t

Ќе има ли одговорност за минатото раководство на ЈП ЛАЈКА кое освен што лажирало извештаи и хуман третман на животните, континуирано продуцирало огромни трошоци и го вовело претпријатието во финансиска бездна?

Сегашните обвинувањата кон град Скопје актуелниот директор на ЈП Лајка, Воислав Димитровски се невиден цинизам затоа што проблемите произлегуваат исклучиво од затекната, наследена ситуација. Укажуваме дека иако баравме ревизија на севкупното работење на ЈП Лајка при промената на директор, при што се констатирало дека фалат цели класери со податоци за третманот и судбината на бездомните кучиња, институциите молчат. Понатаму, по двегодишното расипничко располагање со финансиите на претпријатието од негово основање довело до тоа да сега ЈП Лајка е руинирана и блокирана во милионски долгови, со блокирани сметки. За вакви намерни, или ненамерни пропусти би одговарал секој јавен службеник, но за директор кај нас одговорност нема.


И покрај ова наследено безредие, податоците потврдуваат далеку поголема ефикасност и функционалност и во бројката вдомени и во бројката стерилизирани кучиња, стационарот е во целост отворен за активисти и хумани граѓани, а градот за прв пат има програма која сме ја предложиле и изработиле заеднички, усогласена со европски практики и со која се задаваат конкретни цели и показатели на успешност.

Уште еднаш ги повикуваме институциите да реагираат и ги санкционираат оние кои успеале во 2 години да исцицаат милиони од парите за кои плаќаме ние, граѓаните; кои успеале да формираат и во рекорден рок руинираат едно ново претпријатие, а со тоа го доведат во прашање преживувањето и оддржливоста на Лајка која постои со цел да третира една многу чувствителна област, од која зависат илјадници бездомни кучиња и безбедноста на жителите на градот.

Фејсбук статус на здружението Анима Мунди

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

(Видео) Најмалку осум лица ранети истрелување во…

Најмалку осум лица се ранети во истрелување…

Захариева: Западот го дели светот на оние…

Западните земји се уште имаат колонијален однос…

(Во живо) Тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу…

Шокантно тврдење на Ненад Чанак: Русија планира…

Според политичарот од Војводина, Москва би го…