Анкета: Половина од Американците сметаат дека истрагата против Трамп е политички мотивирана

– Околу половина од Американците веруваат дека кривичната истрага против поранешниот претседател Доналд Трамп е политички мотивирана, но големо мнозинство, исто така, веруваат дека наводите се веродостојни, според најновото истражување на јавното мислење.
Дводневната анкета на Ипсос за Ројтерс, покажа дека 54 проценти од испитаниците – вклучувајќи 80 проценти од републиканците на Трамп и 32 проценти од демократите – веруваат дека политиката стои зад случајот што треба да го сослуша големата порота на Менхетен.
Седумдесет проценти од испитаниците, вклучително и половина од републиканците, рекле дека го сметаат за веродостојно тврдењето дека Трамп и платил на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на неговата претседателска кампања во 2016 година за да молчи за нивниот наводен сексуален контакт.
Околу 62 отсто од испитаниците, вклучително и една третина од републиканците, рекле дека исто така веруваат дека Трамп фалсификувал деловни досиеја и извршил измама.
Анкетата е во време кога Трамп бара од Републиканската партија повторно да го номинира за Белата куќа во 2024 година. Ниту еден американски претседател досега не се соочил со кривични обвиненија на суд.
Трамп, кој се соочува со потенцијално тешка конкуренција во неговата трета кандидатура за републиканска номинација, негираше дека некогаш имал афера со Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јандриоски до двете најголеми партии во Македонија:…
Советниците на СДС и ВМРО ќе му…
Пригожин одговори: Не заминувам од Украина, не…
Членовите на групата „Вагнер“ немаат намера да…
ХОТЕЛИЕРИТЕ И УГОСТИТЕЛИТЕ КУБУРАТ СО ПЕРСОНАЛ: Готвачи…
На Саемот за сезонско вработување во туризмот…
Маж од струшко си ја нападнал ќерката…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(60)…
Плинска боца предизвика пожар во стан во…
Повредени лица нема, направена е само материјална…