Објавено на:

Анкета: Се повеќе Швеѓани поддржуваат влез во НАТО

t

Резултатите од најновата анкета покажуваат дека 57 проценти од Швеѓаните се „за“ членство во НАТО, 21 процент од испитаниците се изјасниле „против“ а 22 отсто одбиле да одговорат.

Во анкетата од март првпат резултатите покажаа дека 51 процент од Швеѓаните сакаат влез во НАТО, „против“ се изјаснија 24 отсто, а 22 проценти одбиле да одговорат.

Шведска не војувала уште од времето на Наполеон и својата безбедносна политика ја градеше на „неучество во воени сојузи“.

Шведската Влада сега ја преиспитува безбедносната политика, а владејачките социјалдемократи дебатираат дали ќе се откажат од долгогодишното спротивставување на членство во Северноатлантската алијанса.

Преиспитувањето на безбедносната политика е поттикнато, исто како и во Финска, по руската инвазија врз Украина.

Анкетата ја изработи Демоскоп на барање на шведскиот весник Афтонбладет, при што се испитани 1.177 луѓе од 14 до 19 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какво ќе биде времето до петок?

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна…

Аргентина е пред банкрот

Статистичката рејтинг агенција Фич го намали рејтингот…

ИНТЕР НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ЛУКАКУ: Во Милано…

Интер е заинтересиран и за Роберто Фирмино.…

(Видео) Груевски да не излезеше од Македонија…

Мирка Велиновска вечерва во вонредната епизода на…

Велс ги расплака Хрватите буквално во –…

Фудбалерите на Хрватска одиграа само нерешено на…