Апасиев: Осудените за 27 април треба да се помилуваат преку помилување „ин конкрето”

t

Осудените за 27 април треба да се помилуваат преку помилување „ин конкрето”, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во емисијата „Претрес со Ландов”. 

Апасиев објаснува дека тоа значи претседателот на државата да помилува конкретни осуденици. Инаку, овие кои се, како што вели, неправилно класифицирани во делот на терористичко загрозување, ќе се изедначат со „Монструм”. 

– Мислам дека треба да има помилување, но како ќе го изведат не знам. Ние еднаш поддржавме, ако се сеќавате. Тие луѓе се неправилно класифицирани во делот на најтешко терористичко загрозување. Ако дадете вие амнестија за такво дело, по автоматизам доаѓа и „Монструм”, овие – терористите – посочува Апасиев.

Во однос на тоа предметот да се врати на повторно судење, Апасиев посочи дека тоа е подолгата варијанта, односно дека тоа ќе трае долго. Не е потребно да се докажува дека се невини за ова кривично дело, поентираше Апасиев, туку тие треба да бидат прагматични и да излезат од затвор. 

– Треба да бидат прагматични и да излезат од затвор. Тоа таму е кочина… Таму куче да заврзеш, ќе умре, а не, пак, човек – рече Апасиев.

За затворските услови Апасиев вели дека ни малку не се на нивото на скандинавските земји, а ниту, пак, останало тоа што било во Југославија. Затворот, додава тој, е извор на зараза и насилство, а престојот е небезбеден за кого било. 

– Видете ги условите во скандинавските земји, како приватна болница се, а кај нас е кочина, буквално. И тој систем на ресоцијализација, кој сме го имале од Југославија, сега веќе не постои. Таму вие здрав да отидете, пореметен ќе излезете од затвор. И чесен човек да бидете, вие утре, не дај Боже, може да згазите некој и да завршите во затвор заедно со тие убијци и криминалци, може да ве силуваат, да ве убијат… Ете, сега имаше еден претепан, умре на Клинички. Тоа е ужас таму, тоа е страв и ужас – заклучува Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…