Апасиев: Резултатите од пописот се тоалетна хартија, со пописот започна процесот на демакедонизација и дехристиjaнизација

t

Пописните резултати се безвредни и немаат никаква фактична или правна вредност, рече пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во синоќешното гостување во емисијата „Јади бурек“.

Тој наведе низа спорни податоци, кои, според него, го прават пописот невалиден.


– Прво, направен е упад во базата на податоци и промена на бројките од пописот. Второ, Општина Аеродром како најгусто населена општина со пописот има зголемување само за 3.000 жители. па само во мојата зграда и во околните нови соседни згради има 3.000 жители. Од 2015 до 2019 година бројот на нови станови во Аеродром е 5.000 или грубо околу 20.000 нови жители на населбата. Трето, статистичка грешка за пописот не може да биде проценка, туку фактичка ситуација. Светски стандард е плус или минус 2,5 проценти можност за грешка. Сето она што е над 2,5 проценти го прави пописот за неважечки. Кај нас грешката е 7.2 проценти, додека заедно со дијаспората е 21.5 проценти. Тоа значи дека непопишани се околу 405.000 луѓе од дијаспората и 132.000 кај нас – рече Апасиев.

Тој потсети дека дијаспората се попишувала 7 месеци наместо 40 дена.

– До септември се попишале 204.805 нерезиденти во странство. Во март имавме 260.606 попишани, односно околу плус 60.000 попишани во дијаспората. Никаде во светот не постои попис на дијаспора, а кај нас преку Скајп ги попишуваа само за да се крене процентот на Албанците – истакна Апасиев.

Лидерот на Левица обвини дека со пописот е започнат процесот на демакедонизација и дехристиjaнизација.

– Бројот на македонски државјанства се 54%, Албанци 16,9% издадени, со што се обидуваат Македонците да се сведат на етничка заедница. Започнат е процесот на дехристиjaнизација. Односно, минимум 250.000 православни ги збуниле со зборот христијани, па така за прв пат бројот на православните е паднат на толку ниско ниво. И тоа делува на психа – рече Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно се докажа дека се мести Евровизија:…

Викендов се одржа 66. Избор за песна…

Маричиќ денеска ќе учествува на седмиот годишен…

Заменик претседателот на Владата ќе биде говорник…

(Видео) Хаос во Иран: Убиени се 5…

Според извештаите на медиумите, пет лица загинаа…

Сијарто: Унгарците нема да ја плаќаат цената…

Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците…

Нов извештај на Велика Британија: Лукашенко распоредува…

Британското министерство за одбрана соопшти дека рускиот…