Апасиев: Семејството на Гоце Делчев ја имаше судбината на неговата распарчена Македонија: Сите се погребани во различни делови на тогашната Македонија

t

Пратеникот во македонското собрание и претседател на “Левица”, Димитар Апасиев, на неговата Фејсбук страна објави краток коментар за судбината на семејството на Гоце Делчев.

Како што вели Апасиев сите членови од неговоро семејство се погребани во различни делови од распарчената Македонија.

“За жал, семејството на великанот Гоце ДЕЛЧЕВ ја доживува судбината на неговата распарчена Македонија: тој, по повеќе од четири децении, е конечно погребан во Скопје, гробот на неговата мајка Султана е во Кукуш (денешна Грција), татко му Никола почива во Благоевград (Горна Џумаја – денешна Бугарија), брат му Христо е погребан во Софија, а на брат му Милан – не му се знае гробот…” – напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Спроведовте бејрутизација на Македонија, ние сме полупротекторат…

„Воведовте башибозук демократија, ние станавме косовски полупротекторат,…

Aпacиев – каков кpaј: Министрите на Д…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на Твитер…