Апасиев: Сите цени се поскапени, сите ќе бидеме небањати, само Мицика и свитата ќе се шетаат во Јапонија

Од вчера, ЦЕНИТЕ на основните намирници повторно вивнаа до небо (којзнае кој пат досега). – пишува на Фејсбук пратеникот Димитар Апасиев.
– Буквално се е поскапено!
Јајца, млеко, сирење, паста за заби, сокови, кечап, зејтин, шампони, сапуни..
Влажните марамици од 60 рипнаа на 100 денари. Тоалетната – од 95 на 140 денари!
Покрај менталната, и оджувањето лична ХИГИЕНА веќе ќе стане луксуз. Сите ќе бидеме “небањати” (коо права неутро-вмраана). Само Мицика и корумпираната свита околу него ќе си уживкаат. Ќе си тркнат пак до Јапонија на изложба, па на опера у Брисел и на концертче у Вашингтон (со приватен авион)…
А ви “душмани” – бурек и јогурт (ако има).
И пак да си ги гласате “патриотиве”. Оти ја вработија балд’ската тука у градинката. Ќути, чоек, има и бетер. – напиша Апасиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
Нови цени на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Ново поскапување на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
(Фото) Да не ве лажат! Цените во…
Цените во регионот се драстично помали во…
Мицкоски нема информации дека цените пораснале
Премиерот Христијан Мицкоски нема информации за зголемување…