Апасиев: Шупаци корумпирани! Наместо да му ги национализираат ТОПЛАНИТЕ на Чифлиганец, они кирија ќе му плаќале!?

t

Денешниот постигнат договор значи дека ЕСМ има закуп на топланите. Договорот е направен меѓу ЕСМ која ќе управува со затоплувањето во Град Скопје и Адора инженеринг, која е сопственик на топланите. Се работи за договор врз основата на методологијата и ќе изнесува 390.000 евра и тоа е годишен закуп. Под исти услови, како што било досега, информира премиерот Димитар Ковачевски за денешниот постигнат договор меѓу ЕСМ и Адора инженеринг.

Според него, ЕСМ сака да го консолидира системот за затоплување и ќе ги направи анализите за можно откупување на топланите и ставање во својот систем.

-Ќе имаме грејна сезона и другата сезона, а градот Скопје нема друг начин за затоплување освен централното греење, додаде премиерот.

Ваквата одлука ја коментира лидерот на “Левица”, Димитар Апасиев кој на Фејсбук напиша:

– “Наместо да му ги национализираат ТОПЛАНИТЕ на Чифлиганец, они кирија ќе му плаќале!? Шупаци корумпирани!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…

Спроведовте бејрутизација на Македонија, ние сме полупротекторат…

„Воведовте башибозук демократија, ние станавме косовски полупротекторат,…

Aпacиев – каков кpaј: Министрите на Д…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на Твитер…