Апел за кралот: Чарлс Трети, едноставно абдицирај и напушти го престолот
Тоа е животот. Два дена по нејзиното бакнување раце со премиерката Лиз Трас, како последен чин како шефица на државата и мајка на нациите, кралицата ја снема. Тоа е тажен момент за многу луѓе, без сомнение, но исто така во моментов може да биде шанса за Британија, вели Зулфикар Абани од Дојче веле.
Не можам да не се сетам на времето кога умре оној друг, значаен член на кралското семејство – не, не сопругот на кралицата, Филип – туку Дајана. Како и со смртта на кралицата, и Дајана почина веднаш по промената на власта во владата.
Единствената разлика беше во тоа што Дајана беше човек што гледа напред, а таков беше и тогашниот премиер Тони Блер (не дека бев обожавател на кој било од нив двајца).
Кралицата Елизабета, од друга страна, повеќе личеше на оксидиран украс. Истото важи и за другиот дел од кралските остатоци и нивната владејачка, конзервативна класа.
Тие се чувари на една мината политика и општество, постојан потсетник, без разлика дали е на монети, поштенски марки или пакетчиња бисквити и чај, дека ние сме нивни поданици, рангираме ниско во една тотално недемократска хиерархија.
Но времињата се сменија, па мора и тие.
Во секој случај, тие се куќа на неволни кралски членови.
Принцот – сега крал – Чарлс чекаше целиот свој возрасен живот, длабоко навлегувајќи во она што треба да биде неговото пензионирање, за да седне на тронот. Ако Чарлс некогаш биде крунисан, мора да му е јасно дека не му останува долга служба.
Навистина, ако го земеме како доказ неговото однесување во изминатите 35 години, јас би рекол дека последното нешто што тој сака да биде е крал. Ни неговата сопруга Камила нема изразено некој посебен апетит за работното место кралица-сопруга.
Но, од друга страна, искажувањето мислења не е кралска работа, и зарем Чарлс досега не ја научи таа лекција? Во јуни тој беше критикуван затоа што наводно ги опишал како „ужасни“ плановите на владата да испрати мигранти во Руанда.
Се чини дека Чарлс не личи толку на мајка му колку што налага линијата на наследување. И тоа можеби не е лошо. Чарлс сѐ уште може да му ги предаде уздите на својот најстар син Вилијам. На крајот на краиштата, тој е крал. Тој треба да може да прави што сака.
Кралски шанси за опстанок
Вилијам е потежок за проценување. И покрај сета претходна антипатија кон кралските симболи и медиумското зло, принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин, војвотката од Корнвол и Кембриџ, станаа олицетворение на модерно кралско семејство. Барем однадвор.
За разлика од неговиот брат Хари и жена му Меган од американскиот рај и нивниот посрамен стрико принцот Ендрју, Вилијам презеде решителни чекори за да се искачи на тронот. Само неколку дена пред нејзината смрт, Вилијам и Кејт рекоа дека ќе го преселат својот семеен дом поблиску до домот на кралицата.
Така, Чарлс би можел да абдицира и да им ја остави играчката на Вилијам и Кејт. Подобар исход, сепак, би било да ја затворат целата продавница.
Ние поданиците му служиме на слугата
Кралицата беше покровител на моето средно училиште, основано во 1856 година со латинското мото – non sibi sed omnibus (не за еден, туку за сите). И тоа беше страшна лага за една кралска институција.
Мислам дека таа го посетила училиштето само еднаш, во годината кога сум роден (1974), и никогаш повеќе не ја видовме. Но сепак ѝ испраќавме честитки за роденден – мали акти на лековерна должност.
Дури и денес слушаме луѓе на улица како го величат несебичниот слуга на народот, личноста и семејството од кои се состои „ткивото“ на нацијата. Но јас не го чувствувам тоа.
Тоа лето кога умре Дајана, отидов во Кенсингтонската палата од каприц, за да зјапам во толпата. Палатата беше наспроти бутикот на моите родители, па патот ми беше краток. Таму налетав на двајца пријатели од школо, кои специјално тргнале на пат. Еден од нив, Мајкл, беше јужноазиец и го прашав: „Зошто си дошол тука со цвеќиња? Зошто им оддаваш почест на луѓето што ги понижувале твоите?“ Обајцата напнато ме погледнаа како да сум црна овца. Разговорот престана и никогаш повеќе не зборувавме за тоа.
Сè уште ги немаме тие муабети, затоа што сме поданици на монархијата, наше е да молчиме и да се улизуваме. Јас имам среќа што сега сум во Германија, каде што е можно да се зборува против, но и тука мора да се биде „внимателен, драго момче“. Германците ја сакаат „die Qween“ како да е нивна. Но тие никогаш не живееле под тоа како јас, и како многу други што сè уште живеат, или како што татко ми живееше во колонијална Кенија… Но дури ни тој не би зборувал за тоа.
Сето тоа е трагедија за еден демократски сојуз на нации, како што е Обединетото Кралство. Но сега ја имаме најголемата шанса за промена