Арачиновец ограбил сендвичарница, куќа и возило

На 22.09.2023 околу 12.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Е.Б.(28) од с.Арачиново.
Тој се сомничи дека на 21.09.2023 изршил тешка кражба во сендвичарница, дека на 14.09.2023 извршил тешка кражба во куќа во с.Арачиново и дека одзел патничко моторно возило. Со него бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признал делата.
Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, а при лишувањето кај него, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработен во Пошта – Центар Жупа украл…
МВР информира дека ОВР Дебар поднесе кривична…
Украдени над 550 килограми марихуана од фабрика…
МВР информира дека синоќа околу 23:00 часот…
Арачиновец ограбил сендвичарница, куќа и возило
На 22.09.2023 околу 12.00 часот во с.Арачиново,…
Велешанец крадел претставувајќи се како полицаец
Четириесет иедногодишниот А.К. од велешко Горно Оризари,…
Арачиновец со нож нападнал и повредил две…
Против 33-годишник од Арачиново, Основното јавно обвинителство…