Арсовска: До Славевски не се случило претседавач со совет да исклучи микрофон на градоначалник
Градоначаланичката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување во Канал 77 истакна дека до претседавањето со Советот на Град Скопје на Трајко Славевски никогаш во историјата на Град Скопје не се случило претседавачо со советот да го исклучи микрофонот на градоначалникот.
Таа посочува дека ова е спротивно на деловникот и статутот.
-Никогаш до сега не се случило претседавач со советот да исклучи микрофон на градоначалник. И деловнички и статутарно не постои таква можност. Суверено право има градоначалникот да се обрати пред советот колку сака и колку време смета дека треба да го образложи. И дефинитивно е прекршување и на правилата и на процедурите да исклучите некој кој што го има тоа право да се обрати пред граѓаните на јавноста туку и пред советниците за да ги образложи своите ставови, вели Арсовска.
Според Арсовска, Славевски има двојни аршини во Советот и дозволува советниците од ВМРО-ДПМНЕ да навредуваат споменуваат лица кои не се присутни, но моментот кога аргументирано ќе се спомене Христијан Мицкоски тој го исклучува микрофонот.
-Постојат двојни аршини. Некој кој доаѓа од вашата опција му дозволувате колку сака што сака да споменува на таа говорница. Но кога ќе слушнете нешто што не ви одговара, нешто кое е аргументирано пристапувате кон исклучување на микрофонот, додаде Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел објави, 19 повредено во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за…
Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин треба да…
Голем пад на цените на нафтата на…
Цените на нафтата паднаа под 76 долари…
Пакистанец е обвинет за подготвување убиство на…
Пакистанец е обвинет за подготвување убиство на…