Објавено на:

Арсовска – За првпат после 20 години се решаваат проблемите на скопските општини: ЈСП е најсаботирано претпријатие во Скопје

t

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во телевизиско гостување вечерва објасни за текот на проектот за обезбедување на бесплатен јавен превоз и останати сообраќајни решенија низ градот.

” Тоа е проект кој треба да се одвива етапно, во фази, во следните две години треба да биде целосно реализиран. ЈСП е тотално девастирано и во документите кои ги имавме на увид пред изборите не моевме да ги увидиме овие проблеми, како се трошени средствата и во која состојба е оставено претпријатието.


Тоа е можеби и најсаботирано ЈП, граѓаните се жалат дека автобусите не пристигаат навреме бидејќи некој ги носи на технички преглед постојано, имаме за два месеци вакви казни повеќе од изминатите 4 години. Тоа се опструкции кои се на штета на граѓаните. намерата на власта е да се опструира роектот за консолидација на ЈСП. Во претходните 4 години имале по една казна сега имаат за два месеци 18 казни.

Отпочнавме со крупни инфраструктурни објекти, да го напоменам усијанскиот канал, потоа кејот на Вардар кој треба да стане функционален за граѓаните по целото течение, низ сите општини низ кои поминува. Да ги напоменам петте мега паркови, работиме на се што сме кажале дека ќе се направи и сето тоа ќе биде видливо за граѓаните.

Отпочнавме, бидејќи е комплексен проблем паркирањето, работиме на консолидација за изнаоѓање на најдобри решенија, на пример монтажни или подземни катни гаражи. Детектиравме места во општините Аеродром, Центар, Чаир каде има веќе и отпочнато решавање на проблемите.” – објасни Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првпат од осамостојувањето на Македонија противпожарната…

Апсурдната политика која се водеше со години…

(Видео) Apcoвcкa пoчнa co кpивичнитe за администрацијата…

Град Скопје по Иницијатива од Државната Комисија…

Градоначалничката Арсовска се сретна со Здружението на…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари…

Aрсовска ќе истражува каде исчезнаа 12 милиони…

“Прво ќе се посветиме да институциите преземат…

Одлична вест за студентите: Арсовска донесе одлука,…

По барање на студентите читалната во градската…