Објавено на:

Арсовска: Набргу бесплатен автобуски превоз за пензионерите

t

До крајот на месецов пензионерите повторно ќе се возат бесплатно во автобусите од градскиот превоз во Скопје.

И покрај енергетската и економската криза градоначалничката Данела Арсовска не се откажува од оваа мерка за која од буџетот на Град Скопје ќе се потрошат 650.000 евра кои се префрлени на ЈСП „Скопје“. Бесплатниот превоз ќе важи во вторник, петок, сабота и недела, како што беше пред да се укине поради заштита од ширење на коронавирусот.

„На штета на граѓаните никогаш нема да се настапува. Јас верувам дека директорот на ЈСП ‘Скопје‘ кој го затекна претпријатието во девастирана состојба и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и кажал, а што е поминато на седница на Совет, ќе го реализира. Во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за оваа категорија граѓани“, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Ој бе, легнете си со жените:…

Нов статус на пратеникот и лидер на…

(Фото) Путин потпиша декрети за признавање на…

Путин потпиша декрети за признавање на окупираните…

Бајден: Иан можно е да биде најсмртоносниот…

Тој рече дека бројките се уште не…

Гутереш: Нема место за анексии во современиот…

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе иницира…

(Видео) Автомобил се движи ,,рикверц” на патот…

На Фејсбук страницата на Гласот на Америка…