Објавено на:

Арсовска: Набргу бесплатен автобуски превоз за пензионерите

t

До крајот на месецов пензионерите повторно ќе се возат бесплатно во автобусите од градскиот превоз во Скопје.

И покрај енергетската и економската криза градоначалничката Данела Арсовска не се откажува од оваа мерка за која од буџетот на Град Скопје ќе се потрошат 650.000 евра кои се префрлени на ЈСП „Скопје“. Бесплатниот превоз ќе важи во вторник, петок, сабота и недела, како што беше пред да се укине поради заштита од ширење на коронавирусот.

„На штета на граѓаните никогаш нема да се настапува. Јас верувам дека директорот на ЈСП ‘Скопје‘ кој го затекна претпријатието во девастирана состојба и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и кажал, а што е поминато на седница на Совет, ќе го реализира. Во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за оваа категорија граѓани“, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба на чешки пратеник: НАТО ја бомбардираше…

Европската Унија и Соединетите Американски Држави со…

Борел: Никој, никогаш, никаде не треба да…

По повод Денот на сеќавање на сите…

Некој сепак ќе легне на брашното: Конечен…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска пред пратениците во Собранието…

Скопјанец нападнал и грубо навредувал припадник на…

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна…

Тетовец уценувал млада девојка дека ќе објави…

СВР Тетово поднесе кривична пријава за Ш.С.(18)…