Арсовска на средба со амбасадорката на Шведска, Бенгтсон

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, како и со Микаел Атерхог, раководител за соработка и развој во амбасадата.

На средбата се разговараше за тековните проекти на кои работи Градот Скопје за подобрување на условите во кои живеат граѓаните, како и за идните активности каде во соработка со програмите овозможени од амбасадата ќе се овозможат решенија за подобрување на состојбите во однос на животната средина.


Посветено работиме на заштитата на животната средина, а особено внимание посветуваме на подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Во таа насока, приоритет во нашата работа е чистењето на дивите депонии кои се извор на загадување, стимулирањето на алтернативните видови превоз и набавката на екоавтобуси – рече Арсовска.

Арсовска и Бенгтсон разговараа и за остварувањето на женските права и за застапеноста на жените во институциите на системот, со што ќе се подигне свеста за рамноправност и интегрирање на жените во сите сфери на општествениот живот.

На денешниот состанок се зборуваше и за продлабочување на соработката меѓу Град Скопје и амбасадата на Кралството Шведска во нашата земја во однос на проекти кои се од важност на граѓаните, а кои може да се применат по примерите во Шведска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЕ ЗА ЕУ ПО СЕКОЈА ЦЕНА: Продолжуваме…

После масовниот протест, каде македонскиот народ достоинствено…

Седум капитални проекти за седум дена! –…

Седум капитални проекти за седум дена и…

Јакимовски положи цвеќе на споменикот на децата…

Денеска во 11:00часот положив цвеќе на споменикот…

Исмаил: Нели бе Бујар малку е срамота,…

Бујар Османи, Министер за надворешни работи на…

Предлогот не е ниту Француски… Пендаровски, Ковачевски…

Еден од ретките бугарски политичари кој има…