Арсовска: Не дозволуваме да се функционира со уцени! Тука сме да го штитиме јавниот интерес, не приватни џебови!

t

Јас мислам дека сите сме тука да го шитиме јавниот ингтерес, демантирајте ме ако треба да штитиме приватен интерес и џебови. Ама тука сме да го шитиме јавниот интерес. ЈСП на почетокот на овој мандат работеше со 140 исправни возила.

Во овие 12 месеци се ставија во функција и во овој момент има 270 исправни возила. За тоа има релеванен податок, тие возат и се регистрирани во систем, истакна на денешната седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска.

– Да расчистиме само дали сме тука во интерес на граѓаните или во интрес на приватни џебови.
Доколку некој решил да го опструира јавниот интерес нека му служи на чест, си има договорни обврски, беа прекршени одговорите и раскинати.

Ќе има јавен повик и сите превозници кои возеле ќе можат повторно да се пријават и да работат чесно. ЈСП се обидува да даде што е можно поквалитетна јавна услуга, нивните автобуси се со оссдветен кавилтет, хигиенски услови и еколошки стандарди и тоа и понатаму ќе го почитуваме.

Треба да се прекине со шекулациите. Да се запрашаме еве конкретно, ЈСП има договорни обврски со институции во државата. Еве Општина Бутел должи поголема сума, што треба ЈСП да престане да вози? Да се блокира градот?
Како секој одговорен субјект се испраќа опомена пред тужба, се оди на суд и ќе се докаже кој е во право. Во овој случај тоа го немаме.

Го поддржувам правото на протест, секој ако смета дека преку тоа ќе го оствари својот интерес може да го практицира, ама ова е на штета на граѓаните. Ова не сметам дека е вистинкиот начин и не сметам дека некој тука треба да застане во одбрана на привани џебови.

Со уцени тука не треба да дозволиме да се функционира, за нас неопходно е граѓаните да имаат соодветен градски превоз. Ве повикувам како советници да го поддржите јавниот, граѓанскиот интерес, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска апелира советниците да поддржат набавка на…

На денешната седница на Советот на Град…

Рекордна посета на Зоолошката градина за овој…

Зоолошката градина во Скопје денес ја посетија…

Арсовска: Се решава проблемот со јавниот превоз…

Во врска со проблемите со јавниот превоз…

Координирана вандалска акција? За една вечер запалени…

Десетина контејнери се запалени вечерва на булеварот…

(Фото галерија) Скопје и годинава на традиционален…

Православните верници ширум Македонија и во Скопје…