Арсовска: Не подлегнувам на пpитисоци, сметам дека секогаш треба да се бираат најдобрите и најквалитетните личности

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во денешното гостување во емисијата Клик плус на ТВ 21, зборувајќи за назначувањето на раководни лица во јавните претпријатија во град Скопје, истакна дека не е личност која подлегнува на притисоци и смета дека при вработувањето треба да се бираат лица кои се докажани, чесни и посветени, бидејќи само тие ќе дадат вистински резултати.

„Јас и како човек не сум некој којшто има таков карактер па да подлегне на некакви притисоци. Верувам дека треба да се гради со сите институции, со сите организации, со сите поединци индивидуи еден партнерски однос којшто треба да биде базиран на доверба. Што се однесува на позициите, треба секогаш да се бираат најдобрите и најквалитетните личности затоа што доколку поставите поставите погрешен човек на вистинското место ќе добиете лоши резултати. Сега во овој момент верувам дека тоа треба да биде таргетот и целта на секој еден кој што сака успешно да води било која институција. Да има квалитетни, реализирани луѓе, луѓе коишто се чесни, коишто се исполнителни, коишто се пред сѐ со резултати и ќе сакаат да се докажат“, вели Арсовска


Таа, зборувајќи за новите персонални решенија и директорки позиции на јавни претпријатија, истакна дека при нивното назначувања се водела исклучиво од нивната професионална биографија и дека не ја интересира дали некој е член и или не на било која политичка партија.

„Јас морам да сум искрена, ниту еден од луѓето коишто се назначени во ниту еден момент не сум ги прашала на која политичка превиненција доаѓаат или припаѓаат. Ако можевте да приметите, меѓу нив има луѓе кои воопшто не биле политички активни ниту некогаш биле членови на некоја политичка партија и верувам дека тоа ќе се детектира. Јас лични ниту сум барала таква информација, ниту ме интересира, важно ми е да биде принципот на меритократи, на најдобриот од оние луѓе коишто ќе дојдат, кој што гледам дека носат потенцијал да ги водат овие претпријатија“, посочи Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од булевар АСНОМ утре ќе остане…

На ден 19.05.2022, поради уличен дефект ф-100…

Приведен 40 годишен скопјанец, бил баран со…

Денеска (17.05.2022) во 11.00 часот на ул.„Мајка…

Делови од Кисела Вода утре без струја

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците…

Кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите”…

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг –…

Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на…