Арсовска: Пожарот во фабриката Треска според првичните индиции е подметнат

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во својата изјава пред фабриката Треска каде попладнево се случи голем пожар откриј детали за можните причини за пожарот.

Арсовска потенцираше дека во моментот пожарот е локализиран и се заблагодари на како што вели фантастичната реакција на пожарникарите кои спречија натамошна материјална штета, но спречија и загрозување на здравјето и животот на граѓаните.

Градоначалничката на Град Скопје истакна дека најверојатно се работи за подметнат пожар бидејќи не станува збор за изолиран случај, а на тој потег и во минатото бил подметнуван пожар.

Таа напомена и дека дел од соседите биле сведоци на овие подметнувања, а и денес забележале сомнителни лица во тој правец моменти пред да избие пожарот.

Арсовска апелираше до органите на прогонот час поскоро да се разреши случајот и да не се дозволи никој да го загрозува здравјето и животот на граѓаните на Скопје.

-Сакам да ве известам дека пожарот е локализиран. Можам дека имаше фантастична реакција на нашата противпожарна бригада, на бригадата на Град Скопје. Изминатите два часа сме тука. Од индициите кои што ги имаме, најверојатно се работи за пожар кој е отпочнат од лице кое што го подметнале. Информацијата ја потврдија и луѓето кои живеат на овој потег. Искрено се надевам дека институциите ќе сторат се што е во нивна надлежност да се превземат мерки, ниту тука луѓето, ниту граѓаните да бидат во опасност. Она кое што го добивме како информација е дека во повеќе наврати се случува на овој потег пожар и јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа ситуација тука. Меѓутоа пред се не смее да се загрозува здравјето и животот на граѓаните од некој кој што е неодговорен и кој што превзема постапки на штета на градот и на граѓаните, вели Арсовска.

ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ФОТОГРАФИЈА БЕЗ ПРЕТХОДНА ДОЗВОЛА ОД ИНФОМАКС, СЛЕДИ ФАКТУРА ОД 30.000 ДЕНАРИ + 18% ДДВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Социјалните мрежи вријат: „Облечете униформи, од утре…

Социјалните мрежи вријат, граѓани на Прилеп на…

Анестезиолог на ВМА Белград: Сериозна здравствената состојба…

Воените и цивилните медицински институции во Србија…

Кривична пријава за газда на градежна фирма…

34-годишен сопственик на градежна фирма од Гостивар…

Вучиќ: Ако се користел звучен топ –…

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…