Објавено на:

Арсовска: Претпријатијата се девастирани – Парите кои порано се трошеа за бифтеци се пренаменети за граѓани од ранливите категории

t

Во телевизиско гостување, вечерва на ТВ Шења, градоначалничката на Град Скопје зборуваше за сосотојбата која била затекната во јавните претпријатија на Градот и понатамошниот план за работа на истите.

“Фактичката состојба укажува на навистина лоша ситуација, јавните претпријатија се девастирани.


Таму состојбата е особено проблематична од финансиски аспект, сега се случува детална ревизија и за тоа што се случувало таму и за во Градот Скопје. Ќе бидат покренати соодветни постапки доколку имало злоупотреби. Ние сега сред економска, здравствена и енергетска криза немаме можност на граѓаните да им го понудиме тоа што го заслужуваат. Не се жалиме, само сакаме да знаат граѓаните каква е ситуцијата и со што се соочуваме.

Само пред избори скоро стотина административци се вработени во Скопје, со редовни вработувања не со договор на дело. Тие луѓе трошеле средства на граѓаните, а доколку си ја работат работата како што треба ќе може да се организира нивната работа. Средствата кои се трошеле за бифтеци и скапи ручеци сега се пренаменети за граѓаните коинемаат кров над глава, кои буквално еден оброк на ден не можат да обезбедат. Не се за јадење бифтеци на сметка на буџетот.” – истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За првпат од осамостојувањето на Македонија противпожарната…

Апсурдната политика која се водеше со години…

(Видео) Apcoвcкa пoчнa co кpивичнитe за администрацијата…

Град Скопје по Иницијатива од Државната Комисија…

Градоначалничката Арсовска се сретна со Здружението на…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари…

Aрсовска ќе истражува каде исчезнаа 12 милиони…

“Прво ќе се посветиме да институциите преземат…

Одлична вест за студентите: Арсовска донесе одлука,…

По барање на студентите читалната во градската…