Арсовска: Се што е во наша надлежност превземаме соодветно и навремено се во интерес на граѓаните

t

Во вечерашната емисија на “Наше Скопје” беа поставени прашања од граѓаните до градоначалничката Арсовска за пркањето против комарци и Аквадуктот. Арсовска истакна дека Град Скопје во дел од тие работи има надлежност но исто така и надлежност за тие проблематики имаат и другите релеванти институции и општините.

“Прскањето против комарци беше отпочнато во точен временски период кој беше неопходен за истото. Прскањето и понатаму ќе си продолжи да се одвива. Имаше доста реакции од граѓаните за мушичките кои тие ги детектирале во поголем број во изминатиот период, меѓутоа морам да појаснам дека дел од надлежноста ја има и Центарот за јавно здравје. Дератизацијата која треба да се направи е во надлежност на општините. Градот Скопје и покрај тоа што е повикуван за се што треба и не треба, не е надлежен за сите овие работи. Она што е наша надлежност ние го превземаме соодветно и навремено и се обидуваме да направиме се што е во интерес на граѓаните да нема посериозни предизвици со кои што тие ќе се соочуваат во периодот кој што следи. Гледаме да работиме активно не само на оваа проблематика него и на останатите проблематики, фокусот ни е животната средина, намалувањето на загадувањето, носење системски мерки со кои што ќе се превенираат овие проблеми кои ги говориме постојано.” – истакна Арсовска


“Во делот на Аквадуктот има одредени работи кои што треба да бидат превземени. Имаме одредени комуникации, сакаме да придонесеме затоа што тоа е наше културно богатство, на кое што треба да се посветиме активно, меѓутоа верувам дека Министерство за култура и националниот центар кој работи во оваа насока си превземаат соодветни активности. Онаму каде што ние можеме да придонесиме, а верувам дека нема некој кој не сака да го види аквадуктот како атрактивно место и место со кое ние треба да се гордееме и да се пофалиме.”- изјави Арсовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците: „Пукачот“ се бранел

Алијансата за Албанците реагираше по синоќешните настани…

Притвор за 12 демонстранти, кои беа уапсени…

Во врска со извршено кривично дело „учество…

(Видео) Полицијата стои додека фрлаат со камења…

Вчера се случи голем инцидент кога демонстрантите…

Апасиев: Со Шарена дојдовте, со Црвена ќе…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи…

Паѓа и Борис Џонсон: Денеска ќе поднесе…

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе поднесе…