Арсовска со големо признание најуспешните македонски спортисти: Олимпиецот Георгиевски доби награда од Град Скопје за најуспешен спортист за 2021 година

t

Освојувачот на сребрен медал на Олимипјадата во Токио, членот на таеквондо клубот Бутел, Дејан Георгиевски е прогласен за најуспешен спортист на Град Скопје за 2021 година.

Се надевам дека во 2022 година ќе остварам уште подобри резултати, а на сите наши спортисти им посакувам успешна следна година и повеќе норми за големите натпреварувања – изјави Георгиевски при примањето на наградата.

На свеченост во градското собрание, наградата на Георгиевски му ја додели градоначалничката Данела Арсовска.

Град Скопје, како и досега и во иднина ќе дава поддршка на спортистите. На сите освојувачи на признанијата им честитам од мое и од името на советниците и им посакувам многу успеси во идните настапи – порача Арсовска.

Од второто до 10.место во категоријата најуспешни спортисти во сениорска категорија се најдоа: борачот Могамед Нуров, кикбоксерката Викторија Варадинова, кикбоксерот Бобан Илиоски, каратистите Петар и Симона Заборски, маратонецот Дарио Ивановски, пливачот Филип Дерковски и маратонката Адријана Поп Арсова.

Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија: Стефан Стојановиќ (карате), Столе Смилковски 9карате), Марија Спировска (борење), Мери Акиевска (фитнес), Миа Тодоровска (кикбокс), Калин Ивановски (тенис), Миа Блажевска-Еминова (пливање), Антонија Белазелкоска (карате), Мила Младеновска (карате) Александра Симева (тенис).

Најуспешен тренер е Борче Костовски од таеквондо клубот Бутел.

Анте Гаџа од РК Вардар е најуспешен странец кој игра за екипа од Скопје.

Андреј Стојановски и Стоилко Стоицев се најуспешни спортисти во категоријата на лица со попреченост.

Најуспешен перспективен млад спортист – кадет е тенисерот Амар Хусеиновиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дополнителни 36 спасувачи ќе бидат испратени во…

Дополнителни 36 припадници на специјалните сили обичени…

Скопје знае колку значи солидарноста: Луѓе масовно…

Граѓаните масовно донираат облека, храна, хигиенски средства…

САД ја поздравуваат деескалацијата на реториката меѓу…

САД ги поздравуваат напорите на лидерите на…

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Бугарското МНР ја искара Македонија: Се однесуваа…

Остра реакција на бугарското МНР по тензијата…