Арсовска фати див приклучок на вода во Сарај за наводнување на пластеници

Инспекторатот на Град Скопје денеска фати див приклучок на вода во Општина Сарај. Станува збор за лице кое незаконски се приклучило на мрежата за питка вода за да си ги наводнува пластениците на неколку илјади метри квадратни.
„Поради случаи како овој не само што се оштетуваат граѓаните кои се соочени со намален притисок во урбаните и руралните средини и со недостиг на вода, туку и се избегнува плаќање вода од илјадници евра, оштетувајќи го и ЈП ‘Водовод и канализација’“, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, констатирана е енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Конкретно во јуни, дневната потрошувачка на вода во одредени денови изнесувала рекордни 356.000 кубни метри, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.
„Ова е предизвикано од трошење на вода без усул за полевање ниви, перење возила и за полнење базени. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот и на квалитетот на водоснабдувањето“, додаде Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска фати див приклучок на вода во…
Инспекторатот на Град Скопје денеска фати див…
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај
Вработен во ЕВН Македонија бил нападнат во…
Групна тепачка во Сарај меѓу две семејства…
Групна тепачка се случила вчеравечер во скопското…
Инспектори затекле запалена дива депонија во Сарај
Денес инспекцијата за животна средина на Град…
Претрес во дом во Сарај – пронајдени…
Педесетгодишен маж од Сарај вчера бил приведен…